Кина аплицираше, сака во ЕБРД!
Кина аплицирала за членство во Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), изјави главниот економист на оваа институција Ханс Питер Ланкес.
„Кина навистина достави официјлано барање за прием во членството на ЕБРД. Очекуваме дека во средината на демкември ќе биде донесена одлука за ова барање“, изјавил Питер.
Според неговите зборови, ЕБРД е многу активен во централна Азија, на Кавказ, југоисточна Европа, што се подрачја во кои кинеските инвеститори и кинеските финансии станаа значајни во последните неколку години.
Ако добие „зелено светло“ за прием во членството на ЕБРД Кина, како што оценува Ројтерс би добила симболичен, но престижен дел.
Слично
