Василис Кикиљас, одговорен за безбедност во грчката опозициска партија „Нова демократија“, ја повтори позицијата на неговата партија, дека со различните позиции за името на „Сириза“ и „Независни Грци“, се доведува во прашање владиното мнозинство.
Тој вели дека ако Алексис Ципрас и Панос Каменос не се согласуваат, нека си поднесат оставки.
„Нова демократија“ има јасна позиција, формирана во Букурешт: сложено име за севкупна употреба (ерга омнес) и решение на прашањето за името пред да започне процесот на интеграција на Скопје во НАТО“- вели Кикиљас во интервју за весникот „Real news“.
