Киев: Уапсени тројца учесници во нападот на руската амбасада
Киевската полиција уапси тројца најактивни учесници во вчерашниот напад на руската амбасада во Киев, квалификувајќи го нивното однесување како хулиганизам со кое ги прекршиле границите на мирниот протест.
Руската амбасада во Киев вчера се најде на удар на напади на демонстрантите, кои протестираа поради рушењето на украинскиот авион на истокот од земјата.
Демонстрантите превртуваа автомобили на амбасадата, ги кинеа руските знамиња и мавале кон зградата со јајца и петарди, при што украинската полиција не направи ништо за да ги спречи.
Слично
