Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киев преговара со Анкара за испорака на течен гас преку Босфорот

Киев преговара со Анкара за испорака на течен гас преку Босфорот

Украина преговара со Турција за можностите да испорачува течен гас до својата територија преку Босфорот.

Тоа го објавија украинските медиуми, повикувајќи се на заменик-министерот за енергетика Александар Светелик, пренесува „ТАСС“.

До овој момент од турската страна не донеле конечна одлука, рекол Светлик. Тој изјавил дека Украина планира да изгради терминали за течен гас во вредност од 846 милиони евра.

Изградбата на опремата поврзана со терминалите меѓу каскадите за гасната преносна мрежа на земјата ќе чинат околу 113 милиони евра, смета Светелик.

Според зборовите на Светлик, во овој момент постојат голем број фактори, за забавување на реализацијата на проектот. Еден од нив е согласноста за премин на танкери со течен гас преку Босфорот за кое Киев преговара со Анкара.

Слично

Поврзани вести