Киев му плати на „Газпром“ 20 милиони долари
Украинската „Нафтогас Украина“ им префрли на „Газпром“ нови 20 милиони долари како осигурување за испораките на природен гас, изјавил Сергеј Купријанов.
Претходно беше соопштено дека на 15 април украинската компанија префрлила 20 милиони долари, исто како осигурување за априлските испораки на суровината.
На 2 април „Нафтогас“ плати 30 милиони долари како прва транша за испораките во вториот квартал на годината, а на 9 април му се оддолжи на „Гаспром“ со уште 20 милиони долари.
На овој начин се гарантира транзитот за Западна Европа.
Слично
