Киев ќе прави „антируски“ гасовод
Украина сака во соработка со Полска да изгради целосно нов гасовод, кој би овозможил на земјата во целост да се снабдува со гас од земјите на Европската унија.
Украинскиот премиер Арсениј Јацењук му наредил на надлежното министерство да започне изградба на проектот, а рокот за изградба и пуштање во работа е крајот на 2016 година, соопштено е од неговиот кабинет.
Властите во Киев сакаат целосно да се одвојат од Русија и да се свртат кон Унијата, а паралено со изградбата на овој нов гасовод би требало да бидат решени сите заостанати долгови за рускиот гас.
„Поставив рок, за да во текот на 2016 година го отвориме овој гасовод. Тоа значи дека би можеле да го купиме целиот гас кој ни е потребен од членките на Европската унија“, изјавил Јацењук .
