Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кичиња скитници до смрт го искасаа српскиот новинар Владан Радосављевиќ

Кичиња скитници до смрт го искасаа српскиот новинар Владан Радосављевиќ

Почина српскиот новинар и аналитичар Владан Радосављевиќ, oткако кучиња го искасале до смрт. 

Радосављевиќ (62) почина откако го искасале кучиња скитници во селото Велика Иванча во општина Младеновац, пренесуваат српските медиуми.  Тој престојувал таму во викендица заедно со сопругата. Бил на прошетка кога го нападнале кучињата скитници. Медиумите пишуваат дека тој успеал да ѝ се јави на сопругата која се упатила кон него, но кога пристигнала го нашла осакатеното тело на Радосављевиќ и три крвави кучиња.

Во нападот на кучињата била повредена и неговата сопруга Олга (58), која се обидела да му помогне. Таа со возило на Брзата помош била пренесена во Ургентниот центар и е во тешка состојба. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но не успеале да го спасат. 

Радосављевиќ  беше новинар, како и основач на ПГ Мрежа. Едно време беше и извршен директор на Медиа центарот.

Слично

Поврзани вести