Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кичевски „Сењак”, нов акционер во „Европа”

Кичевски „Сењак”, нов акционер во „Европа”

Друштвото за трговија, производство и услуги АС ”Сењак“ увоз-извоз од Кичево е новиот акционер во скопската фабрика за чоколади, вафли и бонбони ”Европа“ од Скопје, информираше компанијата преку веб страната на Македонска берза.

АС „Сењак“ стана сопственик на 46.005 акции или 18 отсто од акциите на “Европа“, откако на 9 јули 2013 година ги купи од Стопанска банка АД Битола.

Со оваа трансакција Стопанска банка АД Битола веќе не е акционер во скопската фабрика за  чоколади, вафли и бомбони.

Слично

Поврзани вести