Кичевски работници година и пол без плата – излегоа на протест!
Стотина работници во кичевската фирма „Прототип“, дел од поранешно „ЕМО“, денеска излегоа на протест во кругот на фабриката, откако цели 18 месеци не примиле плата.
„Од Нова година наваму само 5000 денари, а картончиња со години немаме, исто и во „ЕМО“ со години немавме, директорите само ветуваат дека ќе земеме пари, а пари нема“, вели за Телма еден од вработените, Вецко Србиноски.
Работниците велат дека раководството е недопирливо за вработените, а спречени се и синдикално да се организираат. Бараат за случајот да се запознае Владата, а УЈП да провери дека тие со месеци не земаат плата.
http://www.youtube.com/watch?v=T3u2UVquKCA#t=20
Слично
