Економија, финансии, бизнис

Контакт

КХВ на “Шпаркасе банка” АД Скопје и даде согласност да стекне квалификувано учество за акции во “Mакедонска берза” АД Скопје

КХВ на “Шпаркасе банка” АД Скопје  и даде согласност да стекне  квалификувано учество за акции во “Mакедонска берза” АД Скопје

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 93 -тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Елизабета Чингаровска на "Шпаркасе банка" АД Скопје и даде согласност за стекнување квалификувано учество во "Mакедонска берза" АД Скопје и во "Централниот депозитар за хартии од вредност" АД Скопје, чиј вкупен кумулативен износ не надминува 20 проценти од вкупно издадените акции со право на глас од двете акционерски друштва.

Согласно Одлуката за купување, "Шпаркасе банка" АД Скопје има намера да стекне 278 обични акции од "Македонска берза" АД Скопје што претставува 9,95 проценти од акционерскиот капитал на берзата и 842 обични акции од "Централниот депозитар за хартии од вредност" АД Скопје, односно 14,03 проценти од акционерскиот капитал на депозитарот.

 Доколку "Шпаркасе банка" АД Скопје ја реализира намерата и ги купи акциите, заедно со оние што претходно ги  поседува, вкупно би имала 15,97 проценти од акциите на "Македонска берза" АД Скопје и 19,98 проценти од акциите на "Централниот депозитар за хартии од вредност" АД Скопје.

На седницата што се одржа денеска Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде една дозвола за инвестициски советник.

Слично

Поврзани вести