Економија, финансии, бизнис

Контакт

КХВ на „Иново Брокер" даде согласност за прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари

КХВ на „Иново Брокер" даде согласност за прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 106 -тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Елизабета Чингаровска даде согласност брокерската куќа „Иново Брокер" АД Скопје да врши прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност. 

Тоа значи дека со оваа нова услуга, „Иново Брокер" АД Скопје ќе може да се приклучи на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската, Белградската, Љубљанската и на Македонската берза.

Инаку, брокерската куќа „Иново Брокер" АД Скопје е последната од единаесетте членки на Македонската берза која ги исполни условите за да се приклучи на регионалната платформа СЕЕ Линк.

На седницата што се одржа денеска на 31 јануари, 2017 година, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови три дозволи за инвестициски советници и две лиценци за работа на брокер.

Слично

Поврзани вести