Економија, финансии, бизнис

Контакт

КХВ му одобри на „Иново Статус“ нова емисија на акции

КХВ му одобри на „Иново Статус“ нова емисија на акции
Друштвото за управување со инвестициски фондови  Иново Статус АД Скопје доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Со третата емисија, Иново Статус АД Скопје ќе издаде 35.000 обични акции, со уплата на нови парични влогови, а  заради зголемување на основната главнина. Номиналната вредност по акција е едно евро. Акциите се наменети за познат купувач и тоа за единствениот акционер ЕЈ СИ ЕМ КОНСУЛТ ЕООД, Софија, Република Бугарија. Третата емисија се врши заради адекватност на капиталот и за непречено вршење на редовното работење на Иново Статус АД Скопје, инбформираат од КХВ.
Слично

Поврзани вести