Економија, финансии, бизнис

Контакт

КХВ испитува дали имал некој инсајдерски информации за „Тетекс“

КХВ испитува дали имал некој инсајдерски информации за „Тетекс“

Комисијата за хартии од вредност дополнително ќе соопшти имал ли Тито Беличанец, инсајдерски информации кога пред десет дена ги продаде своите 4.000 акции со право на глас во АД Тетекс. Беличанец е член на УО на компанијата од каде вчера соопштија дека го затвораат погонот за производство на тешка конфекција. Од КХВ за Фактор велат дека тие како регулатор вршат редовни контроли.

„Комисијата врши проактивна супервизија и надзор на пазарот на капитал и тоа секојдневно во реално време преку on-line контрола на БЕСТсистемот, контрола на процесот на утврдување и порамнување на склучените трансакции, како и евентуални забранети дејствија при работа со хартии од вредност, вклучувајќи го и друштвото кое е предмет на ваш интерес. КХВ во рамките на своите надлежности ги презема потребните активности, но во интерес на постапката која е во тек, не смее да објавува било какви информации, стои во одговорот од Комисијата за хартии од вредност.

Инаку Фактор веќе објави дека Тито Беличанец, универзитетскиот професор, правник од кариера, специјалист за самоуправување и долгогодишен член на органите на управување во „Тетекс“ ги продаде своите 4.000 акции за 146.000 евра откако во период од 2016 до 2018 година од дивиденди од тие акции инкасира 40.000 евра.

Од „Тетекс“ вчера соопштија дека го затвораат погонот, а денеска генералниот директор Глигорие Гоговски во разговор за Фактор рече дека компанијата ќе продолжи со работа. Генерално другите дејности во континуитет носеле поголеми приходи.

А.Т.

Слично

Поврзани вести