КХВ го продава старото седиште за 200.000 евра откако се пресели во палата „Лазар Поп Трајков“
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање го продава својот деловен простор по преселбата во палатата „Лазар Поп Трајков“ на улица Македонија, ианку објект од проектот „Скопје 2014“.
Предмет на продажба е деловен простор со вкупна површина од 194 метри квадратни, на булевар Св.Климент Охридски на приземје воопштина Центар Скопје спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“ и е во сопственост на Комисијата за хартии од вредност .
Седиштето е проценето на 11,18 милиони денари, а аукцијата е закажана за 26 ноември.Покрај Комисијата за хартии од вредност, во палатата „ЛАзар Поп Трајков“ се преселени уште Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Регулаторна комисија за енергетика, М-НАВ и АД за ИССПДП.
Фото: Build.mk
Слично
