Економија, финансии, бизнис

Контакт

КФОР во Приштина тврди дека акцијата не е против Србите

КФОР во  Приштина тврди дека акцијата не е против Србите

КФОР во Приштина  потврди дека утрово била спроведена операција на косовската полиција. Истата според портпаролот на КФОР е спроведена по наредба на обвинитеслтвото во Приштина низ цело Косово и акцијата се спроведува во северниот дел од земјата во борба против криминалот. 

„Операцијата на косовската полиција се одржува по наредба на обвинителот низ цело Косово, не само на северот, а не насочена против Србите, туку против оние обвинети за корупција и криминал“, рече портпаролот на КФОР, Винченцо Грасо, за српски медиуми.

Според Грасо, засега КФОР само ќе ја следи ситуацијата.

Инаку, утрово косовски специјални сили уапсиле 13 срби, припадници на косовската полиција на север од Косово.


Фото Танјуг

Слично

Поврзани вести