КФОР ПОСТАВИ БОДЛИКАВА ЖИЦА НА ЈАРИЊЕ - полицијата ги сопре десничарите на 100 метри од преминот
Мисијата на КФОР утрово постави бодликава жица, откако беше најавено дека денеска во 13 часот на овој административен премин ќе се одржи митинг „Никогаш граница, Космет е Србија“. Според последните информации, насобраните полицијата ги сопрела на околу стотина метри од преминот.
Според проценките на новинарите од местото на настанот, на преминот има меѓу 100 и 200 лица кои носат знамиња на Република Србија, знамиња на „четничката младина“, транспаренти со натпис „Не се предава“, а колоната беше предводена со транспарент „Молете се на Бога и држете се до Русија“.
Меѓу насобраните е лидерот на Љубов, вера, надеж - Немања Шаровиќ, како и Дамјан Кнежевиќ, лидерот на Народни патроли.
Во еден момент, еден од насобраните со факел запали транспарент на кој пишуваше Бриселскиот договор. Транспарентот потоа бил фрлен на ридот.
Исто така, толпата накратко се судри со полицијата, но собирот помина без други инциденти.
Најмалку 15 војници на КФОР со неколку оклопни возила во моментов се во Јариње, јавува репортерот на Нова.рс.
Истовремено, како што дознаваме, по административната линија е распоредена и мисијата на КФОР.
Инаку, на собирот беа поканети „српски патриоти од Србија, Црна Гора и Република Српска“.
Фото: Принтскрин Нова.рс
