Економија, финансии, бизнис

Контакт

KFC го спасуваше денот во Скопје

KFC го спасуваше денот во Скопје

Пултот во Skopje City Mall на популарниот американски ресторан за брза храна „KFC“ по неполн месец од свеченото отворање во Скопје и Тетово вчера осамна затворен за посетителите. Гостите кои сака да пробаат од „брендот“ останаа затечени.

Од таму се огласија дури вечерта со образложение дека поради технички проблеми, имале прекин во работењето.

- Почитувани дами и господа, Полковникот (мислејќи на основачот) се извинува што пилешкото денес имаше проблеми на патот. Нашиот ресторан во Скопје Сити Мол имаше технички проблем поради кој не беше во функција за краток временски период. Ние сме тука за да бидете сигурни дека нашето пилешко е секогаш послужено на оригинален начин според стандардите на Полковникот, и денес ни е посебно жал што не бевме во можност тоа да го постигнеме - напишаа од таму.

Од таму подона ни изјавија дека продолжиле со нормално функционирање истиот ден во 20.00 часот, односно на два часа пред завршувањето на официјалното работно време на молот.

Инаку, ланецот ресторани годинава затвори стотина објекти ширум Британија поради недостаток на пилешко месо по проблемите со новиот систем за дистрибуција.

Ресторанот беше отворен од неодамна во Македонија, со локација во Скопје Сити Мол. На отварањето присуствуваше американскиот амбасадор Џес Бејли, македонскиот премиер Зоран Заев, неговиот заменик Кочо Анѓушев како и голем дел од владата на СДСМ.

Владата го најави KFC како странска инвестиција. Свеченото отворање со бесплатни оброци беше на 14 септември а престојниот викенд имаше голема навалица за да се проба „брендот“.

А.К.


Слично

Поврзани вести