Кeжаровски: Со тимот на Катица Јанева се изгуби и последната надеж
Новинарот Томислав Кежаровски е разочаран од тимот на обвинители што го избра специјалната обвинителка Катица Јанева. Во нејзиниот список се најде и обвинителката Лиле Стефанова, која покрена обвинение за случајот ,,Ликвидација” во кој му беше пресудено затворска казна на новинарот Кежаровски.
,,Со ваков тим можат само наназад. Таа грам надеж што постоеше по формирањето на специјалниот јавен обвинител, сега е загубена. Не станува збор само за мојот случај” вели новинарот Томислав Кежаровски за А1он.
И сопругата на Кежаровски не верува дека овој тим ќе биде независен и непристрасно ќе спроведува правда.
„Можам само да ви посакам „Среќна нова 49-та.“ Имајќи предвид како поминавме и какви обвиненија му даде на Томе, не очекувам правдина и се разочарав. Во тој период јас бев изненадена од неа, од начинот на кој Томе беше обвинуван од истата таа обвинителка, а сега треба правда да спроведува"- вели Кежаровска.
