Кежаровски пуштен на условно – протестот не се откажува
Директорот на Управата за извршување санкции донел одлука со која Кежаровски ќе биде пуштен дома на едномесечен отпуст, а која била на барање на директорот на затворот „Скопје“.
Со оваа одлука Кежаровски ќе биде пуштен дома на условен отпуст, а во затворот ќе треба повторно да се јави на 18 февруари.
Сепак и покрај донесената одлука, закажаниот протест во 12 часот кој е најавен пред Апелациониот суд нема да се откажи.
Како што претходно истакнаа од ЗНМ штрајкот нема за цел да врши притисок врз работата на судиите туку треба да ги охрабри судските работници да се спротистават на притисокот од власта.
Апелација му ја намали казната на Кежаровски од четири и пол на две години затвор, но новинарските здруженија сметаат дека единствената праведна пресуда е ослободителната, бидејќи новинарот нема никаква вина.
Слично
