Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кежаровски под итно се префрла во затвор!

Кежаровски под итно се префрла во затвор!
Во домот на новинарот Томислав Кежаровски вечерва дојде полиција за да го спроведе на отслужување на затворска казна. Тој е осуден на две години затвор откако вчера Апелација ја преиначи првостепената пресуда од 4 и пол години затвор. Кежаровски по итна постапка ќе биде префрлен на издржување затворска казна. На новинарот за издржување му остануваат уште 3 и пол месеци. И Здружението на новинари вечерва ја потврди оваа информација. Кежаровски, во контроверзен судски процес беше осуден за откривање идентитет на заштитен сведок. Инаку, денеска новинарите најавија протести против пресудата за Кежаровски.
Слично

Поврзани вести