Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќерката на бизнисменот Рамковски, Емел ја одлежа казната затвор

Ќерката на бизнисменот Рамковски, Емел ја одлежа казната затвор

Емел Рамковска, ќерката на бизнисменот Велија Рамковски излезе од затвор.

Веста дека е на слобода ја споделија на социјалните мрежи нејзините блиски.

Рамковска беше осудена на затворска казна од 6 години во случајот „Пајажина“. По апсењето на Рамковски, членови од семејството и вработени во фирмите, беа затворени, а набрзо власта ги затвори А1 телевизија и три дневни дневни весници, Шпиц, Време и Коха, како и неделникот 1Е.

Во судскиот процес „Пајажина" беа обвинети 23 управители и основачи на фирми со адреси на  улицата „Перо Наков" за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители.

Рамковски доби највисока затворска казна од 13 години, а другите обвинети беа осудени на затворски казни во траење од две до седум години.

Слично

Поврзани вести