Керим меѓу првите четворица за функцијата генерален секретар на ООН
Македонскиот кандидат за генерален секретар на Организацијата на обединети нации, Срѓан Керим по завршениот четврти круг гласање е меѓу првите четворица.
Оваа информација ја соопштуваат од неговиот кабинет. Меѓу првите четворица покрај Керим, се најде и Португалецот Антонио Гутјереш, словачкиот кандидат Мирослав Лајчак, и српскиот кандидат Вук Јеремиќ од вкупно 10 кандидати. Гутјереш има 12 „охрабрувачки“ гласа, 2 „обесхрабрувачки“ и еден „без мислење“. Следува словачкиот кандидат Лајчак со 10-4-1, српскиот Јеремиќ со 9-4-2, Керим со 8-7-0, Сузана Малкора со 7-7-1, Ирина Бокова со 7-5-3, Данило Турк со 7-6-2, Хелен Кларк со 6-7-2, Кристина Фигерас со 5-10-0 и Наталиа Герман со 3-11-1.
Следното гласање во Советот за безбедност е закажано за 26 септември годинава.
Слично
