Кери повика виновниците за убиствата во Сребреница да понесат одговорност
Во пресрет на 20-годишнината од трагедијата во Сребреница државниот секретар на САД, Џон Кери повика да бидат повикани кон одговорност виновниците за „бруталните злосторства против човештвото“ - убиството на 8.000 босански муслимани во 1995 година.
„Ние мораме да ги запомниме жртвите од Сребреница и сите жртви на војната - не само денес, секогаш“, посочил Кери во специјално соопштение.
Шефот на американската дипломатија не ги спомена овие настани како „геноцид“, иако Вашингтон го утврди токму на овој начин. Сепак, Советот за безбедност на ОН во средата не успеа да ја усвои резолуција. Во документот подготвен од Велика Британија, во коавторство со САД, доби 10 гласа „за“, но Русија, како постојана членка на Советот за безбедност стави вето. Друга постојана членка на Советот за безбедност - Кина, како и Венецуела, Ангола и Нигерија, се воздржаа од гласање.
Комеморативните настани посветени на трагичните настани во Сребреница, каде за време на војната беа убиени 8.000 босански муслимани, ќе се одржат на 11-ти јули.
Според меѓународната заедница, околу 8.000 муслимани биле убиени во Сребреница во јули 1995 година, во операција на армијата на босанските Срби, предводена од генерал Ратко Младиќ.
Тогаш повеќе од 30 илјади луѓе биле депортирани. Опсада на Сребреница и последователните масовни егзекуции на машкиот дел од населението на градот се смета за еден од најкрвавите епизоди од војната во Босна и Херцеговина. Тие убиства се дефинирани како „геноцид“ од меѓународната правда, но босанските Срби раководители ја одбиваат оваа формулација, и сметаат дека таква резолуција ќе ја раздвои уште земјата.
