Кенија: 48 жртви на напади на екстремисти
Најмалку 48 лица се убиени во напади на исламистички екстремисти на хотели и полициска станица во кениското место Мпектон на брегот на Индискиот океан.
Известувач од BBC јавува дека нападот започнал синоќа околу 20:30 часот по локално време, додека мештаните гледале фудбалски натпревар од Светското првенство на телевизија.
Сведоци во Мпектон, градот на 20 км од Лама островот кој е познато кениско летувалиште, наведуваат дека пукањето траело неколку часови и дека има зграда во пламен. Локалните жители наведуваат дека напаѓачите киднапирале комбе и го искористиле за напади на различни локации ширум местото.
Сведоци потврдуваат дека наоружани напаѓачи со покриени лица фрлале експлозиви на локалната полициска станица пред нападот и кражбата на оружје. Командантото на кениската полиција Дејвид Кимаијо рече дека напаѓачите ја нападнале и банката.
