Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кемет електроникс ќе го зголеми бројот на вработени

Кемет електроникс ќе го зголеми бројот на вработени
„Кемет електроникс“ која минатата година отвори фабрика во технолошката зона „Бунарџик“ досега вработи 190 лица, а плановите на менаџерите на оваа компанија се во иднина двојно да ја зголема оваа бројка. -Ние треба да растеме како компанија и да го подигнеме нашето ниво на вештини кое ќе ни овозможи да инвестираме во различни производни процеси. Денес ние го развиваме идното раководство на нашата македонска компанија и успешноста ќе ни овозможи двојно да го зголемиме производството и бројот на вработени во блиска иднина“, вели Гвидо Галени во интервју за „Лидер“ одговарајќи на прашањето кои се иднините планови на компанијата за фабриката во Македонија. Галени во интервјуто истакнува дека досега се задоволни од бизнис климата во земјава, но додава дека се соочиле со мали проблеми кои сепак успеал да ги решат. -Јас се уште сметам дека сме на почетокот и ова е момент на предизвик. Имавме некои мали проблеми кои веќе се разрешени во партнерство со раководството на Дирекцијата за ТИРЗ. Во однос на бизнис-климата, ние извезуваме 100 % од нашите производи и на тој начин бизнис климата во земјата и локалната економија не влијаат толку врз нас. Но морам да кажам дека сме задоволни од општите услови за водење бизнис“, вели Галени. Американската компанија „Кемет електроникс“ произведува електронски уреди пред се наменети за брендовите „Филипс“ и „Сименс“.
Слично

Поврзани вести