Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кекеновски: Груевски треба да знае дека копирањето на Ердоган кај нас не поминува!

Кекеновски: Груевски треба да знае дека копирањето на Ердоган кај нас не поминува!
Што и кој го натера Груевски јавно да се обрати пред граѓаните на Република Македонија, прашува и анализира, Јово Кекеновски во својот коментар за Фактoр. Кекеновски, вели, ако заканите и објавата за соработка со странски служби започнале уште на првата средба, зошто пет месеци народот и државата се држеле во опасност и неизвесност од можен државен удар односно зошто уште во старт не се превзеле мерки за негово спречување?                                                     МОРАШЕ ЛИ ТАКА?! Во вчерашното обраќање до јавноста премиерот Груевски јавно не повика да се запрашаме што би направил секој од нас кога би бил на негово место? Еве неколку мои размислувања и одговори на таа тема? Прво, воопшто не би одржал ваква пресс конференција на која однапред би ги прејудицирал работите, затоа што на ваков начин се дава (фудбалски речено) автогол. Иднина ќе покаже дали тој и сите оние кои го советувале биле свесни или несвесни за последиците односно од нејзиниот фидбек. Второ, Груевски вели: ,,тој раскажа неколку телефонски разговори за кои констатирав дека дел се точни, дел половично точни и дел неточни”. Кога веќе е така човек кој е сигурен дека нема сторено ништо противуставно и противзаконски и кој само до пред еден месец со голема сигурност и со широко насмеано лице јавно го повикуваше тоа исто лице ЗЗ да ги објави доказите, најнапред требаше лично да ја објави содржината на точните разговори (без разлика на цената која ќе требаше се плати за нив), а за половично точните и дел од неточните тивко (без помпезна најава) да поведе судска постапка. Трето, храбар и одважен човек и политичар, човек сигурен во себе и своите постапки мора, може и треба да ги игнорира и остави на страна ваквите ,,закани” затоа што со ваквото јавно обраќање се покажува сопствената политичка опсесивна компулзивност која ве тера да направите грешки во чекори односно апсурдни и неприфатливи работи. Четврто, ако заканите и објавата за соработка со странски служби започнале уште на првата средба, зошто пет месеци народот и државата се држеле во опасност и неизвесност од можен државен удар односно зошто уште во старт не се превзеле мерки за негово спречување. Петто, после случувањата од 24 декември 2012 година, кога исто така беше споменат обид за државен удар ова е веќе втора ваква најава. Најчесто државен удар или пуч се дефинира како ненадејна смена на власта во една држава со противуставни средства. Најчесто го изведува војската или некој висок државен функционер или група која има влијание на клучните институции и органи во државата. Шесто, ,,заканите” кои се случувале во службена просторија, а кои претпоставувам дека се снимени од страна на надлежните органи во редовна правна постапка, ќе барав надлежните ги објават пред целата македонска и светска јавност. Многу поголем ефект ќе се постигнеше кога јавноста ќе видеше со каков ,,заканувач” си има работа премиерот на Р. Македонија, отколку со вакво обраќање. Седмо, пред јавно да се обрати Груевски мораше да знае дека копирањето на постапките и мерките кои Таип Ердоган ги превзема во Турција не се применливи на овие простори. Осмо, што значеше повикот да гледаме ,,во живо“ како ќе се одвива судскиот процес?! Зошто прејудицирање и сигурност дека ќе се води судски процес?. Еве, и да се води судски процес, дали тоа значи сервирање нова илузија на народот, нова турска серија, со која ќе се отргнеме од секојдневните се поголеми егзистенцијални проблеми?! И на крај,како деветто,  претседателот на СДСМ, Зоран Заев не смееше да тактизира и со доказите да се  обидува да извлекува корист за него и партијата туку требаше под итно да ги обелодени и да ги даде на органите на државата. Не смееше да не држи сите за заложнци, а во меѓувреме да се пазари со Груевски. Туку требаше да ги обелодени и да не убеди сите нас. Да ги достави на истражните органи без разлика дали верувал или не во судските органи.  
Слично

Поврзани вести