Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе заврши ли денеска теренската проверка на гласачи?

Ќе заврши ли денеска теренската проверка на гласачи?
Не се знае дали луѓето ангажирани од Државната изборна комисија денеска ќе успејат да ја завршат теренската проверка на спорни гласачи.
Се работи за 89.383 спорни гласачи запишани во избирачкиот список. Комисијата не соопштува до каде е проверката, ниту колкава е бројката на досега проверени спорни записи. Повеќе информации за постапката се очекуваат во текот на денот.
Проверката „запна“ во општините Карпош, Центар и Гази Баба, но и во Тетово, Гостивар и Куманово.
Од невладината организација МОСТ вчера побараа од ДИК да ја преиспита одлуката според која, повеќе од 124.000 спорни записи во избирачкиот список, кои произлегоа од вкрстената анализа во базите на податоци од 10 институции, воопшто не се дел од теренската проверка. Тие сметаат дека процесот ќе трае подолго од планираното.

Слично

Поврзани вести