Ќе започне судењето за „Диво насеље“
Судењето за случајот „Диво насеље“ треба да започне денеска.
Досега причина за одложувањето беше судската сала, затоа што требаше да бидат донесени ново обвинети кои беа дел од друг предмет, а заедно со адвокатите, роднините немаше соодветна сала која ќе ги собере. Кривичниот и Врховниот суд најверојатно се договориле за користење на големата сала во Врховниот суд. Обвинителството одлучи да ги спои во еден предмет, а се работи за група жители на населбата, кои се обвинети за помагање на обвинетите за тероризам.
Поради спојувањето на два предмета, судскиот процес мора да почне од почеток.
Слично
