Ќе воскресне ли „Јужен поток”?
Планот на Русија и Турција на крајот на 2016 година да ја активираат првата цевка од идниот гасовод "Турски поток" според експертите е изводливо. Главниот проблем е да се најдат средства во контекст на антируските санкции и падот на цените на нафтата, пишува рускиот економски весник "Комерсант".
Инвестициите за две подводни цевки во Црно Море во врска со прекинатиот проект "Јужен поток" "веќе во голема мера се факт", но тековните геополитички услови создаваат ризик за рускиот државен гигант "Газпром", посочува Џонатан Стерн од Оксфордскиот институт за енергетски истражувања.
Во наредните 4-5 години рускиот концерн треба да го гради гасоводот "Моќта на Сибир" во вредност од 55 милијарди долари за испораки во Кина и "Турски поток" (наместо "Јужен поток", чија морска делница се предвидуваше да чини 9 милијарди евра, од кои се инвестирани 4,6 милијарди евра). Компанијата планира да го изгради и гасоводот "Алтај", преку кој исто така треба да ја напојува Кина, посочува весникот.
Според соговорниците на "Комерсант" од индустријата е крајно сомнително "Газпром" да обезбеди за овие проекти финансирање од Западот на прифатливи услови. Затоа Џонатан Стерн сугерира дека засега "Газпром" ќе пушти само две цевки од "Турски поток" со капацитет од 30 милијарди кубика гас, со кое ќе ги задоволи потребите на Турција и на Југоисточна Европа.
Според извор на "Ведомости" во "Гаспром" за идната морска траса ќе се користат цевки во вредност од околу 1 милијарда евра, произведени за "Јужен поток" и веќе донесени на место кое ќе ја забрза изградбата. Конечната цена на првата цевка од "Турски поток" ќе биде позната по околу една година, прогнозира друг соговорник на весникот, близок до рускиот концерн.
Европската комисија ќе го анализира планот на "Гаспром" - економските состојки и дали одговара тој на законите на ЕУ, цитира "Ведомости" неименуван претставник на комисијата.
Прашањето ќе биде дискутирано во работна група на состанок во Софија на 9 февруари. Со цел решавање на прекуграничните прашања комисијата може да покани во иднина претставници на други земји како Русија или Турција, но нивни делегати не се поканети да присуствуваат на февруарскиот состанок, прецизира претставникот на ЕК.
"Газпром" избира за "Турски поток" пат во рамките на "Јужен (проток)" веројатно со цел да си ја задржи можноста за враќање кон отфрлениот проект, смета рускиот аналитичар Валериј Нестеров.
"За година-две ситуацијата може да се промени - тогаш кон Бугарија ќе бидат насочени нови цевки, а Турција ќе добие уште еден гасовод. Соодветно Анкара ќе може да добива гас од Русија, без тој да минува низ транзитни земји, а сега ќе им даде на "Газпром" можност да преговара со Европа од тврди позиции ", појаснува уште експертот.
Потсетуваме дека на работната средба во вторникот во Анкара шефот на "Газпром" Алексеј Милер и турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз го определиле патот на новиот проект "Турски поток" по дното на Црното Море, објавија од рускиот гасен гигант во порака на нивниот сајт. Претстои објаснување на трасата на гасоводот на турската територија и точката за премин на турско-грчката граница.
Во оваа фаза нема официјално соопштение кон земјите дел од "Јужен поток", за запирање на проектот. Русија сепак ги откупи акциите во South Stream Transport - компанијата која требаше да го изгради морскиот дел од гасоводот. Пред неколку дена, Алексеј Милер го извести европскиот комесар за Енергетика Марони Шефчович дека "Гаспром" планира целосно до го запре транзитот на природен гас за Европа преку Украина.
К.К.
Слично
