Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе влијае ли позитивно посетата на еврокомесарот Хан врз политичките случувања во Македонија?

Ќе влијае ли позитивно посетата на еврокомесарот Хан врз политичките случувања во Македонија?

Во посета на Македонија денеска престојува Еврокомесарот за пристапни преговори и соседска политика, Јоханес Хан кој што оствари средби со претседателот Иванов и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, а дополнително ќе се сретне и со премиерот Груевски и претставниците на опозициските партии, граѓанското општество и бизнис заедницата.

Главните теми за кои Хан ќе разговара со своите домаќини ќе бидат моменталната политичка состојба, клучните ЕУ приоритети и реофрми, финансиската помош од ЕУ како и добрососедските односи, соопштуват од Европската комисија (ЕК).

На средбата со претседателот Иванов беше разговарано за интеграцискиот процес на Република Македонија во Европската унија, за унапредувањето на добрососедските односи, како и за актуелните случувања во земјава.

Комесарот Хан, изрази надеж дека Република Македонија ќе продолжи со реформските процеси и што поскоро ќе ги почне преговорите за членство во Европската Унија.

„Мојот став и ставот на ЕУ е дека сите политички партии треба да ја имаат политичката дебата во парламентот, а не надвор од парламентот. Тука сум за да помогнам да се најде излез од политичката состојба. Опозицијата да се врати во парламентот, и таму да се решаваат сите политички прашања", порача комерасорот Хан, и додаде дека е потребно Македонија напорно да работи на клучните забелешки од Извештајот за напредокот на Европската Комисија.

На средбата со вицепримиерот Бесими, Хан разговарал за  за спроведувањето на приоритетните активности, произлезени од Извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија,  меѓу другото и за областите, слобода на изразување и медиуми, судство, борба против корупција и организираниот криминал, меѓуетнички односи, реформи во јавната администрација, добрососедски односи, регионална соработка и зголемување на економскиот раст и вработување.

Меѓу другото, на состанокот дискутиран беше и статусот на спроведување на ИПА, Акцискиот план за подобрување на искористеноста врз основа на научените лекции, програмирањето на ИПА 2015-2016, како и за можноста за помош од страна на Европската унија и нејзините земји членки со цел санирање на настанатите штети во поплавените подрачја.

Дали посетата на еврокомесарот ќе донесе позитивен бран и подобрување на политичката криза во земјава, останува да видиме.

Хан по Македонија ќе го посети и Косово, каде како што соопштуваат од ЕК, се очекува тој да оствари средби со претставниците на владата и да ја потврди европската перспектива на Косово.

Слично

Поврзани вести