Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе успее ли Хан да го деблокира политичкиот договор?

Ќе успее ли Хан да го деблокира политичкиот договор?

Со цел да се дојде до итен напредок во политичкиот договор , европскиот комесар денеска пристигна во Скопје, тој ќе има одделни средби политичките партии и лидери.

На својот твиер профил тој напиша „На пат за Скопје, на средби со сите политички партии во обид да се дојде до итен напредок во политичкиот договор“.

han na tviter

Пред три дена во име на ЕУ во Македонија беше Евроизвестувачот во Европскиот парламент Иво Вајгл кој одржуваше одделни средби со политичките партии при што се постигна значаен напредок во прашањата за изборната регулатива.

Од Брисел порачаа дека состојбата со договорот од Пржино ја следат со големо внимание и бараат имплементација на истиот што поскоро.

-Договорот од 2 јуни / 15 јули мора да биде спроведен, не смее да биде доведувана во прашање имлементацијата на договореното, беше пораката на известувачот Вајгл.

Тој ги поздравил заложбите на СДСМ за реализација на договореното во Пржино и за запазување на предвидените рокови за усогласување напоменувајќи дека Брисел со внимание следи што се случува во земјава, во овие моменти кога се работи на Извештајот за Македонија.

Вајгл истакна дека очекуваат кредибилен, демократски и транспаренен изборен процес во Македонија.

Maкедонија се наоѓа пред клучни моменти и од политичката состојба зависи дали ќе добиеме препорака за преговори, а извештајот е одложен за крајот на месецот.

Слично

Поврзани вести