Ќе успее ли ДИК навреме да го заврши чистењето на Избирачкиот список?
Засега од ДИК уште не кажуваат дали ќе успеат да го завршат Избирачкиот список навреме.
Според членови од оваа институција во овој момент се обработуваат податоците кои доаѓаат од терен, а уште трае собирањето и вкрстувањето на податоците за сомнителни гласачи.
Сепак наредната недела ќе се знае дали ќе се оди на избори на петти јуни или не
Вчера претседателот на Комисијата Александар Чичаковски и неговиот заменик Реџеп Прекопуца остварија средби со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со амбасадорот на Европската унија во земјава Орав.
Според роковите во Изборниот законик за предвремени парламентарни избори, потпишувањето на избирачкиот список треба да се случи најдоцна за 40 дена откако Претседателот на Собранието ќе ги распише изборите.
Од опозицијата денеска треба да одлучат дали нивните двајца членови ќе останат во Комисијата или ќе бидат повлечени.
