ЌЕ УСПЕАТ ЛИ ВО БИТКАТА: Никој не смее да ги чепка новинарите!
Џефри Јанг е долгогодишен американски новинар и аналитичар кој во последните 15 години е дел од редакцијата на „Гласот на Америка“. Претходно, тој работел за медиуми како ABC и NBC. Негова специјалност е полето на корупцијата. Во интервју за Фактор говори за состојбите на медиумската сцена во Македонија, но и за глобалните текови поврзани со мигрантите и изборите во САД.
Разговараше Горазд Чомовски
Фактор: Какви медиумски реформи се потребни за македонскиот национален сервис да се ослободи од влијанието на политичките партии?
Џефри Јанг: На ова прашање, јас би ви сугерирал да го погледнете извештајот од страна на Советот на српската Влада за борба против корупцијата кој покажува дека голем број на српски медиуми се контролирани од страна на политичките партии и лица поврзани со овие партии. Слична истрага треба да се спроведе и во Македонија. Да се направи детална анализа и потоа да се објават резултати. Со тоа ќе се добие јасна и прецизна информација кој и на како начин влијае врз уредуивачката поилитика како и врз сопствениците на медиумите .
Кога гледачите ќе знаат точно кој ги контролира овие медиуми, убеден сум дека ќе им стане сосема јасно од каде доаѓаат информациите, дали тие се пласираат преку партиите, Владата или бизнис структури со една или друга политичка ориентација.
Сосема е јасно дека секоја партија сака да пласира сет на информации кои одат во прилог на нивниот углед и рејтинг . Како што е веќе познато дека функционери поддржани од соодветни политички субјекти се обидуваат да сокријат или да пласираат “извртени“ вест .
Фактор: Како да се стави крај на политичките притисоци што се вршат врз медиумите и новинарите ?
Џефри Јанг: На ова прашање ќе бидам директен - одговорноста лежи пред се’ во регулаторите на медиумите, потоа се новинарите кои треба да се изборат за своите права. Новинарите зад секоја информација која ја пласираат во јавноста целосно да застанат. Потребно е да постои единство меѓу новинарската фела, така и нивниот кредибилитет и интигритет тешко се урива без разлика која партија е на власт.
Независноста и непристрасноста при извршувањето на работните обврски е многу важен елемент, иако сосема е јасно дека во Македонија ова е многу тешко остварливо. Но единството во новинарската фела и постојаното информирање на јавноста на какви се’ опструкции, притисоци и закани наидуваат е исто така еден од моделите на разоткривање и лоцирање на виновникот за лошите состојби во македонскиот медиумски простор.
Неизбежно е е да бидат направени сериозни реформи со кој ќе се гарантира автономијата на медиумите но исто така и сигурноста на новинарот кој нема да се плаши дали да објави одредена информација само заради тоа што би можел да подлегне на одредени санкции или негово целосно деградирање. И на крај , треба да бидат донесени закони со кои медиумската слобода ќе биде неприкосновена. Никој не смее да ја чепка седмата сила, но исто така новинарите не смеат да го злупотребуваат медиумот за пласирање на „бомбастични информации“ кои се неиздржани, непроверени.
Фактор: Зошто некој би сакал да го стави сопствениот живот во опасност. Дали единствена причина за бегалскиот бран се насилствата и репресивните мерки на кои се изложени сириците, авганистанците, ирачаните.. ?
Џефри Јанг : Луѓето ги ризикуваат своите животи во обид да се транзитираат кон европските земји , бидејќи ситуацијата дома е полна со насилство иполитичка репресија.Тие чувствуваат дека немаат друг избор освен да бегаат-и покрај ризиците на кои можат да наидат, а земјите –приматели мора да најдат начин да им помогнат .
Фактор: Дали се прави разлика помеѓу бегалците и мигрантите?
Џефри Јанг : Мора да се прави јасна дистинкција помеѓу бегалците и доселениците. Мигрант е некој кој се движи од место до место барајќи работа - подобри економски можности. Бегалец е некој кој е во бегство, во ситуација на опасност,на насилство, изложен на сериозен ризик за својот живот. Убеден сум дека луѓето кои побегнале, или планираат да ја напуштат својата земја тоа го прават бидејќи тие сакаат да го избегнат насилство, конфликт,репресија.. Едноставно никој не сака да живее во нестабилна држава во која не се знае дали утре ќе бидеш жив.
Фактор: Колку и како терористичките напади во Париз може да го сменат расположението кај американските граѓани во пресрет на претстојните избори ?
Џефри Јанг : По нападите во Франција во САД веќе има одредени поместувања кај претендентите за иден американски претседател. Масакрот во Париз предизвика најголем дел од кандидатите за претседател на САД, кои припаѓаат на Републиканската партија побараа САД да ги затвори границите за сириските бегалци од страв терористи се инфилтрирани мегу бегалците . Се бара да се затвори протокот на луѓе и да се засилат контролите.
Нападот во Париз се користи за да дискредитира претседателот Барак Обама, член на Демократската партија. Во јавноста се форсира тезата дека Обама слабо се справува со тероризам и и дека тој е виновен што не можете да се постави контрола врз исламската држава.
Слични напади се упатуваат и кон претседателскиот кандидат на Демократската партија Хилари Клинтон, врзани за нејзиниот мандат додека беше државен секретар од 2009-2013 година за време на првиот мандат на актуелниот американски пртседател Обама.

Слично