Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе стартува теренската проверка на избирачкиот список

Ќе стартува теренската проверка на избирачкиот список
Државната изборна комисија утре ќе почне со спроведување на теренската проверка на избирачкиот список. Ќе се проверуваат  несогласувањата кои се јавиле при вкрстувањето на дата базите од повеќе државни институции. Воедно ќе бидат проверени дел од нерегуларностите пријавени од граѓаните. ДИК добила околу 5.000 пријави од граѓани за неправилности во списокот со гласачи.
Можноста  за електронско пријавување на нерегуларности во избирачкиот список е затворена. Извештајот од вкрстената проверка на податоците ќе се разгледува утре.
Слично

Поврзани вести