Ќе сменеше ли нешто „бомбата“ за Монструм?
„Монструм и случајот Смилковско Езеро или неговото објавување немаше да промени ништо, затоа што ние ги објавивме прислушуваните разговори или некаконитите или неморалните дејствија кои што ги имаше во предметот Сопот, па и во предметот на Љубе Бошковски, дали нешто правно се смени во тие предмети во меѓувреме, ништо. Доколку ги објавевме и за Монструм немаше да влијае на вака поставеното Јавно обвинителство и на вака поставеното правосудство во Република Македонија“, вели портпаролот на опозициската СДСМ Петре Шилегов во интервју за Радио Слободна Европа.
Шилегов во интервјуто потврдува дека СДСМ е задоволна од договорот во Пржино, со самото тоа што им е остварено главното барање, следните избори да не ги организира Влада водена од Никола Груевски.
Тој на прашањето дали до 26 април 2016 година, за кога се закажани предвремените избори, има време да се имплементираат одредбите од договорот од Пржино вели дека „Ако се работи посветено на имплементација на одредбите од договорот и на имплементација на препораките содржани во извештајот на Прибе и на Европската комисија, има време. Она што сакам да го потенцирам и што го кажуваме недвосмислено, Социјал-демократскиот сојуз на Македонија е доследен во своите ставови, како што рековме дека нема да дозволиме уште еднаш Никола Груевски да организира предвремени парламентарни избори, така и сега кажуваме нема да дозволиме какво било изигрување, ниту на одредбите, ниту пак на дефинираните термини содржани во договорот“.
Целото интервју може да го погледнете на овој линк.
