ЌЕ СЛУШАМЕ ЛИ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ ВО 2016: Одземена лиценцата на ММИ!
Министерството за култура на Република Македонија донесе решение за одземање на лиценцата на ММИ, кое влезе на сила од 01.01.2016 година.
- Причината поради која е донесена таквата одлука е објавата на Министерот за култура во медиумите, посебно изјавата дека организацијата во 2014 година имa потрошено 81,5 % од прибраните парични средства, повеќе од законски дозволениот лимит од 15%, притоа не наведувајќи колкав е тој износ и за што се потрошени тие средства. И покрај тоа ММИ сепак ја изврши распределбата на прибраните средства за 2013 и 2014 година кон сите носители на права кои се регистрирале и кои ги имаа пријавено своите снимки во базата на ММИ заклучно со 31.12.2014 година, стои на официјалниот сајт на Македонската Музичка Индустрија (ММИ), здружение на граѓани кое е формирано во 1998-та година со цел цел колективно да ги остварува правата на фонограмските продуценти.
Од ММИ се бранат. Според нив главен виновник е Министерството за култура: „Причината поради која е донесена таквата одлука сигурно Ви е позната од објавите на Министерот за култура во медиумите и тоа посебно изјавата дека организацијата во 2014 година имa потрошено 81,5 % од прибраните парични средства, повеќе од законски дозволениот лимит од 15%, притоа не наведувајќи колкав е тој износ и за што се потрошени тие средства. Ако нагласиме дека тие средства се потрошени за основни работи за функционирањето на организацијата и тоа за кирии, компјутери, режиски трошоци, плати на 4 вработени, трошоци за правна служба и дополнителни трошоци за систем за електронска евиденција, кој е неразумно и неодговорно наметнат од страна на законодавецот. И покрај тоа ММИ сепак ја изврши распределбата на прибраните средства за 2013 и 2014 година кон сите носители на права (Произведувачи на фонограми и музички изведувачи) кои се регистрирале и кои ги имаа.
ММИ има побарувања од корисниците од околу 56.000.000,00 (педесетишестмилиони денари), кои што средства не се земени во предвид при анализата на работењето на ММИ од страна на Министерството и особено не од Министерката за култура при составувањето на бомбастичните изјави за медиумите. Имено ако Министерката за култура на медиумите во континуитет не даваше изјави од типот: „...дека ММИ не смее да фактурира никому, а посебно не на ТВ станиците...“ (ТВ Канал 5 од 12.08.2013) стручната служба ќе имаше можност да ги наплати гореспоменатите побарувања и тогаш трошоците за работењето на организацијата би биле околу 6,75% од вкупно прибраните средства и ќе беа задоволени и дури презадоволени законските ограничувања од 15%. Иако, дури и во такви неповолни услови на работење, ММИ во извештаите на ИФПИ (www.ifpi.org) има позитивни оценки, бидејќи износот на трошоците секоја година се намалува, и така да ако во 2014 беа 81,5% сега во 2015 тој изнесува 67% (без оние милиони од пред малку)-“ наведуваат во соопштението кое го поставија на нивната страна.
Се чини дека ова е само уште една епизода околу состојбата и агонијата во која се наоѓаат во моментов македонските медиуми, во делот со авторските права. Драмата кулминираше во последните денови од 2015. Медиумите до последен момент не знаеја дали со почетокот на Новата 2016-та година ќе можат да продолжат со емитување на македонска музика, што е нивна законска обврска, по одлуката на ЗАМП да забрани да се емитува музиката на нивните членови.
Министерката за култура во Владата на РМ, Елизабета Канчевска - Милевска, министерката за информатичко општество, Марта Арсовска - Томовска, на 31-ви декември минатата година остварија средба со првиот човек на ЗАМП, при што се дојде до заедничко решение, односно одлагање на спорната одлука на ЗАМП.
Во соопштението испратено до медиумите од страна на Министерството за култура на РМ се наведува дека на средбата било разговарано за актуелните состојби и потребата од изнаоѓање на прифатливо решение кое ќе биде во интерес на авторите и корисниците (радио телевизиските организации), а истовремено, ќе биде во функција на остварување на јавниот интерес во областа на музиката.
На состанокот било договорено, почнувајќи од денес, 04.01.2016-та година, во рок од 15 дена работни групи составени од претставници на министерство за култура, министерството за информатичко општество и администрација и на здруженијата за заштита на авторски музички права, да работат на утврдување на текстот на законот за изменување и дополнување на законот за авторскот право и сродните права, предложен од страна на здруженијата.на средбата е договорено, здружението ЗАМП, забраната за емитување вторски музички дела од репертоарот на ЗАМП да ја стави во мирување до 20.01.2016-та година. Исто така, договорено е здружението ЗАМП да ги извести странските организации за колективно управување со авторските музички права од Хрватска и Србија, како и радио телевизиски организации во Република Македонија.
Од Здружението на приватните медиуми на РМ (ЗПММ) тогаш најавија дека ќе ги повикаат сите свои членови на комплетен бојкот на македонската музика, доколку не се средат состојбите во оваа област.
Слично
