Ќе скокнат платите во бугарските хотели и ресторани
Ќе скокнат платите оваа сезона во рестораните и хотелите покрај море во Бугарија.
Кризата за кадри трае со години, но се очекува оваа сезона да биде поизразена. Затоа работодавците се обидуваат рано да привлечат квалификуван персонал. Битката ќе биде буквално за секој добро подготвен работник. Хигиеничарки и собарки ќе имаат плата од 400 до 600 лева. Келнери и бармени можат да остварат приход меѓу 600-800 лева. Највисоки суми се нудат за шанкери, чии плати се изедначуваат со оние на менаџерите и надминуваат 1000 лева. Во екот на туристичката сезона во Албена работат 3.500 лица. Ова лето менаџерите ветуваат со 15% повисоки плати. За вработените се нудат и други бенефиции како ваучери за храна, бесплатно сместување, бесплатен транпорт и слично. Во Варна во Бирото за труд има над 1500 слободни работни места за хотели и ресторани.
