Ќе се знаат детали за теренската проверка на гласачи
Државната изборна комисија денеска ќе прецизира, како ќе ја спроведува најавената теренска проверка на податоците од извештајот од вкрстените проверки од 10 државни институции.
Проверката ќе ја прават анкетари на Заводот за статистика, тимовите на ДИК од подрачните единици ќе бидат контролори, а партиите набљудувачи. Прочистувањето на избирачкиот список треба да заврши до 17 април.
ДИК на оваа тема планира и медиумска кампања со наслов „Отворени врати“. Се очекува околу 100.000 гласачи теренски да бидат проверени.
Слично
