Ќе се зголеми минималната плата во Германија
Следната година минималната плата во Германија ќе се зголеми за 4 проценти.
Со тоа еден час ќе биде платен 8.84 евра, по договор на специјалната комисија на работодавачи и работници.
Ова зголемување е согласно договорот за покачување во сите сектори.
Минималната сума за еден час работа беше 8.5 евра од 1 јануари лани, а оваа сума расте на секои две години.
Синдикатите и вработените во моќната металуршка германска индустрија, се договорија во мај за покачување на заработката за 4.8 проценти, што отвори можност за зголемување и во другите сектори.
Слично
