ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ЛИ РЕД: Србија и Австрија воведоа ограничување за имигрантите
Србија започна од денес да го ограничува пропустот на мигрантите кои планираат да бараат азил во Австрија или Германија, изјави српскиот министер.
Министерот за вработување Александар Вулин, кој е одговорен на владата за миграциската криза, рече дека земјата ќе преземе соодветни мерки.
"Од денес, врз основа на одлуката на Австрија, донесена со владите на Словачка и Хрватска, мигрантите нема да можат да го продолжат своето патување, ако немаат изрична намера да бараат азил на територијата на Австрија или Германија", рече министерот за новинарите.
Претходно Австрија соопшти дека ќе се обиде да го ограничи бројот на барателите на азил до 37 500 во 2016 година, што е помалку од половина поднесени 90 000 барања за минатата година.
"Ние не можеме да прифатиме сите барања за азил во Австрија", рече канцеларот Вернер Фејман. Тој додаде дека неговата влада планира да го ограничи вкупниот број до 130 000 во наредните 5 години.
