Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ ВОДИ ЛИ БИТКА: Утре јавен повик за избор на генерален секретар на ДИК!

ЌЕ СЕ ВОДИ ЛИ БИТКА: Утре јавен повик за избор на генерален секретар на ДИК!

Утврден е правилникот за утврдување на начинот и постапката за избор на генерален секретар на ова највисоко изборно тело во земјата а утре ќе биде објавен и јавен повик за избор на истиот.

Генералниот секретар на ДИК ќе ја има најзначајна функција бидејќи тој  ќе раководи со ИТ секторот на Изборната комисија во чија надлежност ќе биде водењето на избирачкиот список, како и стручната служба која ќе треба да подготвува информации за темите што ќе се дискутираат на седниците на ДИК.

Партиите и нивните претставници се во значајна битка за ова место а очекувањата се дека изборот на генерален секретар нема да биде лесен.

За претседател на Комисијата беше избран Александар Чичаковски, за потпретседател Реџеп Прекопуца, двајцата од редовите на експертите. Членови на Комисијата се Атанас Урумов, исто така од редот на експертите, Силвана Бонева и Сашо Срцев на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев на предлог на СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедередин Ибраими на предлог на ДПА.
Со договорот од Пржино е предвидено ДИК како тело да има поголеми ингеренции и надлежности во однос на Избирачкиот список.
Слично

Поврзани вести