Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК ќе ги „чешла“ спорните гласачи

ДИК ќе ги „чешла“ спорните гласачи

ДИК ќе ги „чешла“ спорните над 170.000 гласачи иселеници, како и повеќе од 40.000 кои не беа најдени во ниту една база.

Во ДИК денеска се одржа прв состанок на работна група, која има цел уште еднаш да го „прочешла“ списокот со гласачи.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски кажа дека сите учесници ги презентирале своите почетни позиции.

На состанокот покрај членовите на ДИК, присутни беа и претставници на четирите партии, предводени од Никола Тодоров, Дамјан Манчевски, Беким Фазлиу и Артан Груби, како и претставници на ОДИХР, на ИФЕС (меѓународната фондација за изборни системи).

Учествуваа и претставници од МВР, Заводот за статистика, матична евиденција , како и домашните организации МОСТ и ЦИВИЛ и други организации кои можат да помогнат во процесот на прочистување.

За опозицијата спорни се  околу 150 000 гласачи.

Откако изборите за 5 јуни беа одложени, ова е прв состанок.

Слично

Поврзани вести