Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се стабилизираат ли цените на нафтата?

Ќе се стабилизираат ли цените на нафтата?

Падот на цените на нафтата ги натера Русија и Саудиска Арабија повторно да зборуваат за замрзнување на производството со цел да се стабилизираат цените.

Таква можност најави рускиот министер за енергија, Александар Новак, а неговиот саудиски колега, Калид ал- Фалих минатата недела изјави дека е подготвен да соработува со ОПЕК и држави како Русија, кои се надвор од картелот за стабилизирање на пазарите.

„Во однос на соработката со Саудиска Арабија, дијалогот меѓу двете земји се развива во опиплива насока, без разлика дали станува збор за дијалог во кој учествуваат повеќе земји или, пак, за дијалог на билатерално ниво“ - изјави Новак за саудискиот весник „Ашар ал Авсат“.

Овие вести доведоа до пораст на вредноста на нафтата. Вчера нафтата од типот „брент“ достигна цена од 47,61 долари за барел, што е највисоко ниво во август, а американската сурова нафта се продаваше по цена од 45 долари за барел.

Русија со 10.85 милиони барели дневно на нафта и Саудиска Арабија со 10,67 милиони се најголемите производители во светот.

Слично

Поврзани вести