Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се собираат донации за казните на демонстрантите од „Шарена револуција“

Ќе се собираат донации за казните на демонстрантите од „Шарена револуција“

Донации за плаќање на казните на демонстрантите од „Шарената револуција“ ќе се собираат во вторник во 13 часот во кафето Излет.

„Шарената револуција продолжува со својата борба за враќање на правдата и демократијата во Република Македонија. Но, за жал оваа револуција не е без своите жртви. Притисоците продолжуваат, заканите и уцените продолжуваат. Кафе бар Излет беше дел од еден од ваквите напади. Нас нема да не исплашат. Ќе ја продолжиме нашата поддршка за сите граѓани кои се борат за еднаквост, правда и слобода!“ - велат од „Шарена револуција“. 

Акцијата е именувана „Еден за сите, сите за еден“.

Казни ќе треба демонстрантите да платат за боење на Порта Македонија.

Слично

Поврзани вести