Ќе се собираат донации за плаќање на казните на демонстрантите
Учесниците во „Шарената револуција“ денеска ќе собираат донации во кафе-барот „Излет“ од 13 часот до 1 часот по полноќ, за плаќање на казните на демонстрантите кои боеја споменици.
„Ако нивното оружје се стравот и казните, тогаш нашето се солидарноста и другарството. Нема да дозволиме нашите соборци сами да ги плаќаат неправедните казни. Нема да дозволиме да бидеме заплашувани на овој начин. Како што досега сложно, рамо до рамо протестиравме, така и сега сложно ќе ги платиме казните“ – пишува на Фејсбук-страницата на „Шарената револуција“.
Тие ги повикуваат граѓаните да помогнат со донации.
Во Скопје денеска нема да се одржи протест,но ќе се протестира во Струмица, Радовиш, Валандово, Охрид и Прилеп.
Слично
