ЌЕ СЕ СОБЕРАТ ЛИ: Почна собирањето на потписи за намалување на затворски казни!
Вкупно 10 000 потписи треба да се соберат во подрачни канцеларии на ДИК во наредните 80 дена за да може граѓаните да побараат донесување на Законот за амнестија.
Собирањето на потписи за менување на законот стартуваше утрово, со отварање на 33 места низ поголемите градови ширум земјава.
Намалување на казните за 40 одсто, додека на тие што се осудени до една година за 50 отсто, а тие кои имаат казни до шест месеци да им се укинат е предлогот кој го бараат од Граѓанската иницијатива.
Собирање на потписите во брз временски рок од законски определениот е она што го очекуваат огранизатоите, кои најавија експертска подготовка на текстот на законот.
За потребата и содржината на истиот ќе расправаат пратениците во сообранието откако законот ќе биде поднесе.
Затворениците гневни оти не можат да се потпишаат, најавија бојкот на следните избори
Затворениците од казнено поправните установи нема да можат да се потпишуваат на иницијативата за менување на законот за амнестија, кои преку своите роднини и активисти на иницијативата за амнестија, порачуваат дека ќе ги бојкотираат следните парламентирни избори.
