ЌЕ СЕ СЛУЧИ ПОРАНО: САД ќе ја снабдува Европа со гас!
САД можат да почнат да испорачуваат природен гас за Европа пред 2020 година и така да се балансираат енергетските доставки за континентот, намалувајќи ја нејзината зависност од Русија. Тоа го изјави сенаторот Џон Мекејн пред Sputnik во средата.
"Мислам дека може да го направиме тоа пред овој рок", изјави Мекејн, запрашан какви се шансите САД да се претворат во сериозен извозник пред 2020 година "Можеме да се справиме многу побрзо од тоа", додаде тој.
Сенаторот изјави дека е задоволен од одлуката на Бугарија да не се дозволи изградба на гасоводот "Јужен поток".
"Мило ми е што нашите пријатели во Европа ја стопираа изградбата на гасоводот", изјави тој. Напорите "беа успешни" и "кулминираа со одлуката на Путин да се откаже од проектот целосно".
Законот, предложен во јуни од Мекејн и четворица други американски сенатори, ќе го забрза процесот за извоз на течен гас кон американските сојузници, особено Европа.
Во моментов Стариот континент во голема мера зависи од Русија за своите енергетски ресурси. Русија останува најголемиот енергетски увозник со приближно 32% од европскиот енергетски увоз за 2012 година, според податоците на Европската комисија.
Енергетскиот совет меѓу САД и Европската унија ја поддржа можноста за увоз на американски течен гас во Европа, што за диверзификација на изворите, во средата беа спроведени понатамошни преговори за трансатлантски трговски договор кој ќе им овозможи тоа да се случи.
К.К.
Слично
