Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се реконструира ли конечно Охридски Палас?

Ќе се реконструира ли конечно Охридски Палас?
Хотелот што како нем сведок од камен и мермер ги брои туристите на охридското шеталиште пак ќе заживее. Станува збор за еден од најубавите објекти на охридското крајбрежие, хотелот Палас, во самиот центар на градот. Акционерите одлучија дека изградбата ќе почне во септември, а ќе заврши напролет. Сепак ова не е прва најава дека овој хотел ќе се реконструира. Целата инвестција ќе чини 8 милиони евра. „Капацитетот постоечки е со 132 соби, но ќе има  нови содржини, модерен спа центар, затворен базен и целосно внатрешно реновирање. Хотелот е заштитен како културно историски споменик и од надвор ќе бидат запазени законските процедури од областа на заштитата, а внатре ќе биде целосно реновиран и реконструиран“, велат од менаџментот. Овој некогаш елитен хотелски бренд на Охрид сврталиште на најзначајните гости и градски настани, по приватизацијата во 2001 година беше оставен на забот на времето, без никаква грижа на сопствениците, меѓу кои е и групацијата МБ на Свето Јаневски. Откако го купија заедно со уште неколку крупни туристички објекти на ривиерата хотелот не работи. Како причина за неангажманот на сопствениците околу Палас, често се спомнуваа нерешените имотно-правни односи на земјиштето пред хотелот, како предмет на денационализација. Дали оваа најава за реконструкција на хотелот ќе биде сериозна, останува да видиме, еве го септември.
Слично

Поврзани вести