Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се реконструира Кумановската болница

Ќе се реконструира Кумановската болница

Инвестиција вредна повеќе од 40 милиони денари ќе издвои Министерството за здравство за реконструкција на Ургентниот центар во Куманово .

Надлежните велат дека со овој проект е веќе изработен и со него ќе се подигне квалитетот во оваа институција.

Министерот Тодоров информираше дека проектот ќе содржи приземје и кат на површина од околу 600 м2, а ќе се гради на местото каде што се наоѓаат моменталните ургентни амбуланти на интернистичкиот оддел кои вушност ќе се поврзат и ќе станат еден ургентен центар.

- Во ургентниот центар ќе има комплетна дијагностика и за хируршки и за интернистички ургентни состојби, односно во објектот ќе бидат поставени и рендген апаратот и апаратот за компјутерска томографија. Новиот Ургентен хируршки центар ќе содржи: итна хируршка амбуланта, соба за дневна болница, ортопедска амбуланта, уролошка амбуланта, анестезиолошка амбуланта, и други простории, истакна Тодоров и додаде дека станува збор за инвестиција во вредност од над 20 милиони денари која се очекува да заврши до крајот на 2016 година.

За опремата е распишан тендер кој ќе изнесува 20 милиони денари.

Слично

Поврзани вести