ЌЕ СЕ РАЗОЧАРАТЕ: Поранешен работник открива како изгледа да работите во ЕПЛ
Долгогодишниот работник на „ЕПЛ СТОРЕ“ (Apple Store) во Велика Британија ја отворил душата и детално опишал како е да се работи во продавниците на технолошката компанија.
Технолошкиот гигант е познат по својата тајност, која се протега од врвот па се до обичните работници во плави маички кои ги продаваат производите на ЕПЛ во продавниците.
Сите тие на првиот работен ден мора да потпишат договор кој ги обврзува да молчат за работата во Епл и тоа не смеат да го споменуваат дури ни на социјалните мрежи, како ни да прават селфи во своите плави маички.
Поранешен работник на „Епл Сторе“ во опширно интервју за Биснис Инсајдер во кое до детал опишува како изгледала неговата четиригодишна работа во една од најголемите компании на светот.
Ви пренесуваме некои од неговите најинтересни белешки.
„Работниците на Епл Сторе редовно се соочуваат со закани за смрт кои им ги упатуваат клиентите. Купувачите редовно доаѓаат да се жалат на неисправноста на производот или лош сервис, а околу 60 посто се во право“.
„Полесно е да се запишете на Хардвард отколку да се вработите во Епл Сторе. На секое вработено лице, дури 200 не добиле работа, е статистика која во Епл внимателно ја водат и покажуваат на нововработените.
„Дури и ако остварите неверојатна понуда која вреди стотици илјади фунти, ќе ги добиете своите 8 фунти за час и ракување. Провизија или унапредување, заборавете“.
„Епл не доделува бонуси на најдобрите работници, како што нема ни интерни унапредувања. За четири години колку што овој работник работел во една од продавниците, никој не добил унапредување“.
„Работниците на Епл Сторе се толку бедно платени да не можат на себе си да си дозволат производи кои ги продаваат, па дури се задолжуваат за да ги купат. Иако имаат попуст на производите на Епл. Еден од менаџерите дал отказ бидејќи со менаџерската плата не може да си дозволи стан“.
Најдобри во Епл се колегите, а најлоши клиентите
Еден од најдобрите впечатоци во текот на работата во Епл Сторе, овој работник стекнал работејќи со други продавачи. Како што вели, меѓу околу 100 продавачи кои работат во една продавница, има многу интересни луѓе. Повеќето од нив се или музичари или дизајнери... а и менаџерите исто така се „кул“.
Од друга страна, најлошо што може да ти се случи во Епл е притисок и клиенти. Има денови кои се толку напорни што немаш време да погледнеш во под. А кога Епл лансира нов Ајфон тогаш се случува вистинска лудница, илјадници луѓе формираат колони, бидејќи сите сакаат да го купат новиот уред, вели овој поранешен работник за Бизнис Инсајдер.
